Slider

Вести

Групацијата Renault прикажа рекордна загуба за првата половина на годината

Slider

Групацијата во која спаѓаат брендовите Renault, Dacia, Alpine и Avtovaz испорачала 1,26 милиони автомобили од јануари до јуни, а намалувањето на продажбата ги намали и приходите на 18,4 милијарди евра или за 34,3 проценти помалку од истиот период минатата година

30/07/2020

Групацијата Renault од пред кратко време има ново раководство предводено од Лука де Мео, а објавените финансиски резултати покажуваат дека Италијанецот ќе има навистина сериозен предизвик да ги врати Французите во позитивен биланс.

Денеска Renault Group ги објави сите информации поврзани со првата половина на 2020 година и прикажа загуба од дури 7,3 милијарди евра.

Ова е ситуација која се претпоставуваше од повеќе причини, а две посебно важни се коронавирусот и лошата финансиска слика на Nissan, како партнер на Renault во алијансата во која членуваат.

Групацијата во која спаѓаат брендовите Renault, Dacia, Alpine и Avtovaz испорачала 1,26 милиони автомобили од јануари до јуни, а намалувањето на продажбата ги намали и приходите на 18,4 милијарди евра или за 34,3 проценти помалку од истиот период минатата година.

Според проценката на Renault, поради коронавирусот загубата е 1,8 милијарди евра, додека најголем дел од преостаната сума е поради негативното влијание од работата на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, за која е важно што Renault има акции во Nissan.

– Иако ситуацијата е негативна, не е конечна. Заедно со останатите членови на менаџментот и вработените ќе бидеме ангажирани да ја коригираме ситуацијата преку поголема дисциплина во која главна улога ќе има намалувањето на трошоците, – истакнал Де Мео.

Групацијата Renault уште во 2020 година ќе направи редукција на трошоците, што ќе ја олесни задачата за следната сезона, а Де Мео најави и други поместувања, откако изминативе денови ангажираше двајца врвни дизајнери како Жил Видал и Алехандро Месонеро-Романос, кои досега беа одговорни за дизајнот во Peugeot, односно Seat.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider