Slide

Вести

GTO Engineering го најави атрактивниот Squalo

Slide

26/04/2021

Брендот GTO Engineering е поврзан со Ferrari, односно од 1991 година е формиран како официјален сервисер и реставратор за моделите на италијанскиот бренд, а во 2023 година ќе има свој интересен автомобил кој ќе се продава во ограничен број примероци.

GTO Engineering објави дека моделот ќе се вика Squalo, што значи ајкула на италијански јазик, а иако изгледа како рестомод на легендарниот 250 GTO, се работи за автомобил кој е целосно подготвен од инженерите на компанијата.

Squalo ќе користи V12 мотор за кој исто така биле задолжени експертите на GTO Engineering, тежината на автомобилот нема да надминува 1.000 килограми, а брендот најави дека „ајкулата“ ќе работи на мотор со карбуратор и ќе биде поврзан со мануелна трансмисија.

GTO Engineering Squalo е посветен на легендарните спортски автомобили од пред неколку децении, примероци од него веќе нарачале колекционери на кои не им пречи фактот што конечната цена не е формирана, а производителот е убеден дека ќе бидат задоволни од изгледот на ентериерот и возните карактеристики на автомобилот.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба