Slide 1

Новитети

GTS изведбите на Porsche 911 Carrera стигнаа до 480 коњски сили

Slide 1

23/06/2021

Porsche ја претстави новата генерација на GTS изведбите на својот култен модел 911, па купувачите кои сакаат пожестоки перформанси, во иднина ќе можат да се одлучат за 911 Carrera GTS во купе и кабриолет изведба, па дури и во специфичната Тarga 4 GTS варијација.

Моторот со шест цилиндри гарантира поголема моќност, односно 480 коњски сили, што е за 30 коњски сили повеќе од претходната генерација на GTS изведбата, но и во однос на класичниот 911 Carrera.

Новиот Porsche 911 Carrera GTS ќе добие и специфични елементи по кои ќе се разликува од основниот модел, меѓу нив и специфичната суспензија, детали на екстериерот и во ентериерот, фактот што ќе биде 10 милиметри поблиску до асфалтот, како и опцијата за специјалниот „lightweight“ пакет, кој значи намалување на килограмите на автомобилот.

Во погонската единица е вклучена 8-степена PDK трансмисија, со која спринтот до 100 км/ч трае 3,3 секунди, а достапна е и 7-степена мануелна трансмисија со посебна адаптација кон спортските афинитети на возачите.

Porsche најави дека 911 Carrera GTS/Carrera 4 GTS/Targa 4 GTS ќе ја добијат и најновата генерација на PCM инфо-забавниот систем, а покрај поголемата интелигенција и побрзото процесирање, новитет е интеграцијата на Android Auto кој досега не беше достапен.

Повеќе содржини за Porsche:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla