Slide 1
Slide 1

Новитети

GTX третман за ID.4: Volkswagen обезбеди 299 кс за електричниот SUV

Slide 1
Slide 1

28/04/2021

Volkswagen ја зголеми понудата на електрични автомобили, со поспортска и подинамична изведба на ID.4, која ќе ја носи наставката GTX.

Неодамна, VW ID.4 беше прогласен за Светски автомобил на годината, а ID.4 GTX ќе биде уште посериозен претендент за вниманието на кои инсистираат на перформанси дури и кај автомобилите на електричен погон.

ID.4 GTX ќе располага со два електро-мотора, поставени по еден на оска, а вкупно ќе располага со 299 коњски сили, при што забрзувањето до 100 км/ч трае 6,2 секунди. Електронското ограничување на брзината ќе биде поставено на 180 км/ч.

Електричниот SUV со GTX наставка ќе се разликува и визуелно од класичниот ID.4, почнувајќи со предните дифузери, LED светлата, задниот спојлер и GTX ознаките, а задните 3D LED светла ја формираат X формата при користењето на сопирачките.

Volkswagen го најави ID.4 GTX со 77 kWh батерија, која обезбедува автономија до 480 километри.

Германскиот производител во наредниот период ќе го зголеми бројот на GTX изведби во својата понуда на електрични автомобили.

Повеќе содржини за Volkswagen:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови