Вести
Хакери за само 2 минути го хакираа софтверот на Tesla Model 3, што им донесе прва награда на настанот за сајбербезбедност
Според правилата, хакерите имаа 10 минути на располагање за да го хакираат системот на автомобилот. Тие, впечатливо го означија успехот преку замена на логото на Tesla на инфотејнмент системот со она на својата компанија.
Истражувачи од компанијата за сајбербезбедност Synactive освоија 350,000 долари и Tesla Model3 за време на конференцијата посветена на безбедноста.
Тие ја освоија наградата како резултат на успешното хакирање на инфотејнмент системот на Tesla за помалку од 2 минути.
За време на конференцијата која се одржа во Ванкувер, таканаречените етички хакери на Synactivе успеале да воспостават целосна контрола над електричниот автомобил, вклучувајќи ги неговите безбедносни системи и инфотејнмент системот.
Според правилата, хакерите имаа 10 минути на располагање за да го хакираат системот на автомобилот. Тие, впечатливо го означија успехот преку замена на логото на Tesla на инфотејнмент системот со она на својата компанија.
Успешното хакирање беше потврдено и од страна на Tesla. Тие очекуваат да ги поправат недостатоците преку надградба на системот.
Само за илустрација, преку хакирањето на системот, хакерите меѓудругото успеале и да ги отворат вратите и багажникот на автомобилот додека тој бил во движење.