Slide

Вести

Харизматичниот Citroën Ami во прва обиколка на Париз (Видео)

Slide

Citroën Ami е долг 2,4 метри, максималната брзина му е 45 км/ч, а Французите се погрижија да добие и што побезбедна кабина при евентуален судир

05/08/2020

Имајќи ја предвид ерата во која електричните автомобили добиваат се повеќе простор и во плановите на производителите, прашање на време (и држава) е кога тие ќе бидат мнозинство низ улиците.

Секој бренд има различна стратегија, па на пример Citroën реши пред да почне со продажба на ë-C4, да почне со продажба на харизматичниот Ami.

Во соработка со неколку специјализирани новинари, францускиот бренд го промовираше Ami со неговата прва обиколка на Париз, која значеше предизвикување внимание кај минувачите и останатите учесници во сообраќајот на многу локации, меѓу кои и легендарниот Монмартр.

Ami беше претставен како иднина за урбаната мобилност, односно електрично возило за двајца, кое во Франција може да се вози без дозвола со наполнети 14 години, пред се поради тоа што се смета за класичен автомобил туку квадрицикл.

Citroën Ami е долг 2,4 метри, максималната брзина му е 45 км/ч, а Французите се погрижија да добие и што побезбедна кабина при евентуален судир.

Едноставниот, но модерен и трендовски концепт на ентериерот ветува интересни моменти и релаксирано соочување со урбаните гужви, а со едно полнење на батеријата, Ami може да мине до 75 километри. Вкупната тежина на малиот Citroën е 471 килограми, а за полнењето на батеријата на домашен приклучок се потребни три часа.

Почетната цена со солидна опременост во Франција изнесува 7.300 евра, на што се добиваат и 900 евра субвенции.

Погледнете го видеото и заклучете дали би се решиле за ваква опција која едноставно и релаксирано ги извршува задачите низ градските гужви.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба