Slide 1

Вести

Хелсинки и Осло ја заокружиле претходната година без ниту еден загинат пешак или велосипедист

Slide 1

Подобрената заштита на опкружувањето на улиците, поголемата контрола, употреба на технологија за поголема безбедност и развојот на движењето и користењето на службата за итна помош се меѓу факторите за нулта жртви во Хелсинки во 2019 година

10/02/2020

Финската престолнина Хелсинки гордо го истакна фактот дека во цела 2019 година, во градот не бил регистриран случај на сообраќајна несреќа во која жртва би бил пешак или велосипедист.

Во скандинавската земја сериозно се работи за поголема заштита на активните и пасивните учесници во сообраќајот, а најголемо внимание им се посветува токму на пешаците и велосипедистите кои често поминуваат најлошо поради невниманието на возачите.

Хелсинки во минатото не бил толку безбеден град, во 1965 година се забележани 84 случаи во кои низ градот животот го загубиле пешаци или велосипедисти, во 80-те и 90-те години од минатиот век бројката е намелена меѓу 20 и 30 жртви годишно, а по 2010 година имало просечно по седум вакви трагични инциденти.

Финците во 2019 година успеаја да го неутрализираат овој вид фатални несреќи, а различни повреди заработиле 80 пешаци од вкупно 400 луѓе кои имале некаква повреда заработена од сообраќајна несреќа.

Подобрената заштита на опкружувањето на улиците, поголемата контрола, употреба на технологија за поголема безбедност и развојот на движењето и користењето на службата за итна помош се меѓу факторите за нулта жртви во Хелсинки во 2019 година, а градските власти во центарот и населените места имаат поставено ограничување на брзината до 30 км/ч. Со 40 или 50 км/ч може да се вози во одредени градски подрачја и на периферијата на градот.

Финската полиција не само што предвидела ограничувања и строги правила, туку и преку камери го контролира однесувањето на учесниците во сообраќајот, при што оние кои на пример нема да му дадат предност на пешак или велосипедист подоцна можат да очекуваат казна врз база на видео снимка.

Претходно, норвешкиот град Осло објави дека во цела 2019 година на улиците на норвешката престолнина загинало само едно лице и тоа се работело за возач кој со поголема брзина завршил во ограда. Од друга страна, ниту еден пешак или велосипедист не заработил повреди фатални по неговиот живот во текот на целата календарска година.

Дека Скандинавците се многу понапред во однос на безбедноста на немоторизираните учесници во сообраќајот говори и фактот дека во 2019 година само во Берлин загинале 24 пешаци и 6 велосипедисти кои биле удрени од различни возила.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental