Slider

Новитети

Хибрид со спортски карактер: Peugeot 508 PSE ја започна продажната офанзива

Slider

25/01/2021

Peugeot го најави 508 PSE како свој најмоќен модел, а отсега тој ќе им биде достапен на купувачите, потенцирајќи ги перформансите, но и другите квалитети на плаг-ин хибрид изведбата.

Кратенката PSE доаѓа од Peugeot Sport Engineered, ознака која ќе биде користена за сите PHEV изведби, а кои на овој начин ќе бидат поставени и највисоко според моќноста во гамата на Peugeot.

Атрактивниот дизајн на 508 е надграден со специфични дизајнерски елементи кои ќе бидат користени само за PSE изведбата, а таа ќе располага со 360 коњски сили.

Овој автомобил располага со 1.6-литарски бензински мотор и два електро-мотора обезбедувајќи погон на сите тркала, кои пак од своја страна се 20-инчни и дополнително го надградуваат спортскиот израз на 508 PSE.

Францускиот бренд најави и атрактивен изглед на ентериерот со последната изведба на i-Cockpit, како и многу системи за безбедност, вклучувајќи ја Night Vision функцијата.

Најавената почетна цена во западноевропските земји изнесува 66.640 евра, а 508 PSE ќе биде достапен и во комби SW изведба.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider