Slider

Вести

Хибридната изведба на Fiat 500 учествува со третина од продажбата на моделот

Slider

Според податоците на „JATO Dynamics“, само во јуни биле продадени 4.250 примероци на Fiat 500 Hybrid, а се очекува интересот да расте и наредниот период

27/07/2020

Европските купувачи одлично ја прифатија mild hybrid изведбата на Fiat 500, па вообичаената популарност на овој модел на континентот сега доби нов импулс со уште поекономичното издание.

Во земјите каде е достапен Fiat 500 Hybrid, дури една третина од продажбата припаѓа токму на оваа изведба, која се препорачува кај купувачите поради зголемената економичност и подобрите перформанси во одреден дел од возењето кои се добиваат со 12V технологијата.

Според податоците на „JATO Dynamics“, само во јуни биле продадени 4.250 примероци на Fiat 500 Hybrid, а се очекува интересот да расте и наредниот период.

Fiat 500 Hybrid доби модерен бензински мотор со 70 коњски сили, како и засилување со 12V стартер/генератор и дополнителна литиумска батерија.

Возачите добиваат помала потрошувачка, помала Co2 емисија, како и поголем комфор поради тивкото реактивирање на моторот кое го заменува класичниот старт/стоп систем. Со помош на mild hybrid концептот, Fiat 500 Hybrid, без проблеми ги исполнува и 6D еколошките норми кои ќе бидат актуелни наредните години.

Fiat 500 Hybrid e достапен и за македонските купувачи, а актуелната понуда за возила на залиха може да ја видите на следниот ЛИНК.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider