Slide 1
Slide 1

Вести

Хибридните возила ги надминаа дизелите според пазарниот удел на нови возила во ЕУ

Slide 1
Slide 1

Smart е бренд со најголем пораст (185.8%) во првите 6 месеци од годинава споредено со истиот период лани.

17/08/2021

Во вториот квартал од годинава, продолжи да расте бројот на регистрации на електрични возила во земјите членки на Европската Унија. Во однос на претходната 2020 година, нивното пазарно учество порасна за повеќе од два пати, од 3.5% пазарен удел лани, на 7.5% оваа година. 

Плаг-ин хибридите забележаа удел од 8.4% во продажбите на нови возила, а зголемување е забележано и кај побарувачката за хибридни возила. Дури 19.3% од регистрираните нови возила во периодот април-јуни годинава биле со хибриден погон. 

Во исто време, пазарниот удел на бензинците и дизелите се намали. Заедно тие заземаат 62.2% од новопродадените автомобили.

Бензински и дизел изведби

Од април до јуни годинава, регистрациите на нови возила со бензински и дизел мотори забележаa раст во однос на лани, но при споредбата мора да се земат предвид рестрикциите во движењата кои во истиот квартал лани беа на сила во Европа. Сепак, растот на овие возила е умерен, што предизвика намалување на нивиот удел во вкупната продажба, во која сè поголем дел заземаат електрифицираните возила.

Како резултат на ова, учеството на дизел возила во вториот квартал од годинава изнесува само 20.4%, споредено со 29.4% во истиот период лани. Слично како со дизелите, и пазарниот удел на возилата со бензински мотори се намали за 10 процентни поени, од 51.9% во вториот квартал лани, на 41.8% во истиот период од годинава.

За време на вториот квартал од годинава, бројот на регистрации на електрични возила се зголеми за 231.6% споредено со минатата година. Растот во голема мера е остварен како резултат на добрите резултати постигнати на четирите најголеми пазари, особено во Шпанија (+372.7%) и Германија (357%).

Плаг-ин хибридните возила (PHEV) забележаа уште поимпресивни резултати. Бројот на нивните регистрации порасна за 255.8%. Италија е меѓу пазарите со најголем раст, каде во периодот април-јуни годинава се регистрирани 21.647 плаг-ин хибридни автомобили. Импресивен раст во овој сегмент постигнаа и останатите три најголеми пазари: Шпанија (+430.3%), Франција (+276.4%) и Германија (+269.9%).

Со вкупно продадени 541.162 возила во вториот квартал од годинава, самополнечките хибриди сè уште се најголемата категорија на возила со алтернативен погон. Нивниот број се зголеми за повеќе од три пати споредено со истиот период минатата година.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање