Slider

Вести

Honda e стана прв јапонски модел кој е избран за Германски автомобил на годината

Slider

Сериозен комплимент за Honda e стигна од Германија, каде токму овој автомобил е прогласен за автомобил на годината, добивајќи ја битката со уште четири финалисти

16/11/2020

Јапонска Honda направи сериозен исчекор во својата стратегија, промовирајќи го својот прв мал електричен автомобил кој го доби името Honda e.

Со специфична стратегија која подразбира помал капацитет на батеријата (автономија до 222 километри) и иновативен ентериер, Honda e полека се претставува низ европските земји и го пробива својот пат во сегментот на мали електрични возила.

Сериозен комплимент за Honda e стигна од Германија, каде токму овој автомобил е прогласен за автомобил на годината, добивајќи ја битката со уште четири финалисти.

Претходно, Honda e беше прогласена за најдобар автомобил во категоријата на „нова енергија“ или модели со алтернативен погон, но сега специјализираното жири од 14 новинари го истакна токму овој автомобил и како победник во финалето и носител на признанието за 2021 година.

Honda e стана прв јапонски автомобил кој ја добил GCOTY наградата, а веќе трета година по ред победува електричен модел, откако тоа претходно им успеа и на Porsche Taycan и Jaguar I-Pace.

Покрај претставникот на јапонскиот бренд, во финалето се најдоа и Polestar 2, BMW Alpina B3, Volkswagen Golf и Volkswagen ID.3.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider