Slider

Вести

Honda го распродава Civic Type R Limited Edition уште пред да го претстави

Slider

Британците имаат привилегија да добијат една петина од лимитираната едиција на Honda Civic Type R, а најголемите фанови на жешкиот компакт реагирале експресно за да си обезбедат примерок за себе

20/03/2020

Honda претходно најави дека специјалната изведба Civic Type R Limited Edition ќе биде продадена во само 100 примероци, а сега потврди дека капацитетот за британскиот пазар е распродаден без воопшто купувачите и да го видат автомобилот.

Британците имаат привилегија да добијат една петина од лимитираната едиција на Honda Civic Type R, а најголемите фанови на жешкиот компакт реагирале експресно за да си обезбедат примерок за себе.

Цената на оваа Honda е 39.995 фунти, а се очекува и во другите земји пласманот да биде решен без никакви проблеми, со што Civic Type R Limited Edition ќе ја потврди својата популарност, истовремено задржувајќи ја привилегијата за само 100 купувачи во цела Европа.

– Како и кај претходните генерации, очекувавме голем интерес за Civic Type R Limited Edition. Сепак, да ги продадеме сите 20 примероци без купувачите воопшто и да го видат или возат автомобилот, е одличен показател за реномето на моделот, – вели Фил Веб од британското претставништво на Honda.

Покрај другите адаптации за пожестоки перформанси, Civic Type R Limited Edition доаѓа со специјални 20-инчни тркала, „Sunlight yellow“ боја и намалена тежина за 47 килограми.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider