Slide

Новитети

Honda Jazz ќе ја освојува Европа со хибриден погон и врвен безбедносен пакет

Slide

Моќноста на хибридниот Jazz ќе биде 109 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч ќе стигнува за 9,4 секунди, при што максималната брзина изнесува 175 км/ч. Најавите на производителот се просечна потрошувачка од 4,5 литри и Co2 емисија од 102 г/км според WLTP

13/02/2020

Европскиот автомобилски пазар наскоро ќе биде побогат за новата генерација на Honda Jazz, a јапонскиот производител реши да го понуди својот мулти-талентиран модел само со хибриден погон.

Новиот Jazz ќе ја носи наставката е:HEV со што ќе го потенцира погонот кој комбинира 1.5-литарски бензински мотор и два електро-мотора, како и литиум-јон батерија интелигентна автоматска трансмисија.

Моќноста на хибридниот Jazz ќе биде 109 коњски сили, а од 0 до 100 км/ч ќе стигнува за 9,4 секунди, при што максималната брзина изнесува 175 км/ч. Најавите на производителот се просечна потрошувачка од 4,5 литри и Co2 емисија од 102 г/км според WLTP.

Модуларноста и практичната кабина се заштитен знак на оваа Honda, нешто што ќе биде реалност и кај новата генерација, на списокот поволности е задната клупа која е наречена „Magic Seat“ конфигурација. Основниот капацитет на багажникот е 298 литри, а со помош на функционионалните опции, Jazz стигнува до 1.203 литри.

Автомобилот покрај функционалниот екран располага и со посакуваната конективност, возачот и патниците можат да користат Apple CarPlay и Android Auto, како и предностите од интернет мрежа или специјалниот Honda асистент кој е вграден за да му помогне на возачот при изборот на одредени опции или услуги.

Јапонците гордо го истакнуваат и Honda Sensing пакетот кој е вклучен во сериската опрема на Jazz. Тоа значи дека покрај дури десет воздушни перничиња, Jazz е сериозно напреден и во однос на активната безбедност, пa покрај автоматското сопирање, подразбира и адаптивен темпомат, систем за спречување на напуштање на лента и препознавање на сообраќајни знаци кај сите продадени примероци на овој автомобил.

193819_Honda_Jazz_Exterior_Rear
193820_Honda_Jazz_Interior_View
193846_Honda_Jazz_Exterior
193821_Honda_Jazz_Exterior_Front
200541_ALL-NEW_HONDA_JAZZ_DELIVERS_POWERFUL_HYBRID_PERFORMANCE_AND_ADVANCED
193817_Honda_Jazz_Crosstar_Interior_View

Exit full screenEnter Full screen

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан