Slider

Новитети

Hyundai Bayon e нов кросовер подготвен за европските купувачи

Slider

02/03/2021

Европската понуда на Hyundai од денеска е побогата за кросоверот Bayon, кој ќе ја комплетира SUV понудата на корејскиот бренд.

Најавен како специјално подготвен автомобил за европските пазари, 418 сантиметри долгиот Bayon ќе биде поставен под Kona, па се очекува модерен кросовер со подостапна цена и на македонскиот пазар.

Hyundai ја следи најавената стратегија со која секој автомобил добива различен дизајн од неговите роднини, со што Bayon лесно ќе се разликува и од овој аспект, а не само преку димензиите.

Името е инспирирано од градот Бајон кој е туристичко место во југозападна Франција, со што Hyundai го комплетираше концептот за проевропски настроениот модел кој наскоро ќе биде достапен и во продажните салони.

Кросоверот добива привлечен дизајн со широка маска, светла со три елементи и нивна поврзаност со дифузери, како и специфичен тенок изглед на дневните LED светла. Динамичниот изглед на силуетата е надополнет со свеж изглед на задниот дел, кој дефинитивно ќе овозможи брза идентификација на Bayon.

Во кокпитот ќе биде достапна 10,25-инчна дигитална инструмент табла, како и 8 или 10,25-инчен централен екран, а производителот најави и безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, како и опција за премиум аудио-систем Bose.

Меѓуоскиното растојание кај Bayon е солидни 2.580 милиметри, автомобилот ќе биде оддалечен од асфалтот за 183 милиметри, а основниот капацитет на багажникот е 411 литри.

Hyundai најави дека Bayon ќе биде достапен со 1.2-литарскиот MPi мотор со 84 коњски сили, како и со 1.0-литарскиот турбо-бензинец со 100 или 120 коњски сили. Во игра е и 7-степена трансмисија со двојна спојка, како и 48V технологија за поефикасно функционирање на погонот.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider