Slide

Вести

Hyundai цели кон двоцифрени маржи по воведувањето на новата платформа во 2030 година

Slide

Планот на менаџментот на Huyndai е на новите електрични модели да успее да оствари маржа од 10 проценти.

21/06/2023

Hyundai Motor ќе лансира нова платформа за електрични возиал која ќе ја замени постоечката, а истовремено ќе влијае на зголемување на профитните маржи на електричните возила.

Обидот за зголемување на профитабилноста, значаен за овозможување производството на електрични возила да стане одржлив бизнис модел, ќе значи производство на електрични возила во исти фабрики заедно со оние со внатрешно согорување.

Производителот, под кој се водат брендовите Hyunai и Genesis, истовремено ќе лансира и нова генерација на батерии. Како и останатите конкуренти, овие ќе бидат литиум-железо фосфатни батериски ќелиии.

Новата стратегија предвидува значителен раст на обемот на продажби и ефикасно производство кое ќе овозможи намалување на трошоците. 

Планот на менаџментот на Huyndai е на новите електрични модели да успее да оствари маржа од 10 проценти.

Јаехон Чанг, извршниот директор на Hyundai ја образложи визијата за време на годишната презентација за инвеститорите. 

Според планот, во следните 10 години производителот ќе инвестира безмалку 30 милијарди евра во електрификација. Сегашните очекувања се до 2030 година да се продадат 2 милиони електрични возила од брендот Hyundai. 

Овие таргети се слични со оние на сестринскиот бренд Kia, од каде се очекуваат 1.6 милиони продажби во истата временска рамка.

Интересно, но вкупната проекција на групацијата од 3.6 милиони продадени електрични возила до 2030 година е слична на онаа на јапонскиот ривал Toyota, и воедно најголем светски производител, кој проектираше 3.5 милиони продажби на електрични возила до 2030.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа