Slide

Вести

Hyundai го најави Bayon – новиот кросовер за европските пазари

Slide

25/11/2020

Hyundai ќе го дополни своето SUV портфолио на европските пазари и тоа со најмалиот кросовер кој ќе биде претставен следната 2021 година.

Корејскиот бренд утринава ја потврди премиерата на новиот модел, а неговото име ќе биде Bayon.

Инспирација за името е францускиот град Бајон, откако во Hyundai решиле да искористат европски топоним за автомобилот кој ќе се продава на овој континент. Овој потег не е изненадување бидејќи и останатите членови на SUV гамата на брендот го добија името според некој град или регион.

Bayon ќе биде најмал SUV претставник на брендот во стилот на Kia Stonic, што значи дека над него остануваат Kona, Tucson, Santa Fe, па и Nexo кој користи погон на водород.

– Hyundai веќе е одлично позициониран на европскиот SUV пазар, не само според понудата, туку и според продажбата.

– Со лансирањето на уште еден модел, овој пат од Б сегментот, гледаме одлична можност за покривање важен сегмент од европскиот пазар и исполнување на барањата на нашите купувачи, – истакнува Андреас-Кристоф Хофман, потпретседател во секторот маркетинг и продажба.

Наредниве месеци ќе очекуваме подетални информации и фотографии од Bayon, но јасно е дека ова ќе биде најдостапен кросовер во понудата и ќе биде ориентиран кон помладите купувачи, кои пред се немаат потреба од автомобил со погон на сите тркала.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба