Вести
Hyundai го најави електричниот Ioniq 5
Името Ioniq во иднина ќе се однесува на подбренд на Hyundai, чија гама ќе биде формирана само од електрични автомобили, а првата премиера е најавена за следниот месец кога ќе биде претставен Ioniq 5.
Корејскиот производител ги објави првите фотографии и видеа поврзани со електричниот кросовер, чиј атрактивен дизајн во најголем дел веќе беше претставен со концептот Hyundai 45 на последниот Саем во Франкфурт.
Ioniq 5 ќе биде првиот автомобил поставен на новата групациска платформа E-GMP, специфичниот дизајн е надграден со параметрични пиксели, како и специјално подготвени 20-инчни аеродинамични тркала кои првпат се користат кај електричен модел на Hyundai.
Во најавата за официјалната премиера, Корејците ја претставија и практичната функција за користење електрична енергија од самиот автомобил, на пример при кампирање, а исто така најавија дека на брз полнач, Hyundai Ioniq 5 ќе добива 100 километри автономија за 5 минути полнење.
Сите останати детали за новиот Ioniq 5 ќе бидат познати по февруарската премиера.
Повеќе содржини за Hyundai: