Slide 1

Новитети

Hyundai го откри изгледот и деталите за освежената Kona и новитетот Kona N Line

Slide 1

По многу награди и засилување со електричната изведба, дојде време за освежување на Kona и надградба на понудата на поспортската Kona N Line

02/09/2020

При претставувањето на моделот Kona на глобалната премиера во близината на Сеул, тогашниот предводник на дизајнерскиот тим Лук Донкерволке потенцираше дека една од најважните карактеристики на кросоверот е што тој ќе добие уникатен дизајн и нема да биде „мал Tucson“.

Во меѓувреме оваа филозофија на корејскиот бренд е актуелна и натаму во рамките на SUV портфолиото, а Kona за околу три години успеа да ги реализира своите амбиции на глобално ниво, вклучувајќи ја и Европа каде се продадени над 228.000 примероци.

По многу награди и засилување со електричната изведба, дојде време за освежување на Kona и надградба на понудата на поспортската Kona N Line.

Новата Kona лесно ќе биде разликувана од својот претходник, предниот дел добива интересно решение на дизајнот, што подразбира и пошироки маска и LED дневни светла.

Силуетата на Kona добива уште посилна доза спортска елеганција за што влијае и зголемувањето на должината за 40 милиметри, а купувачите ќе може да изберат и пет нови бои.

Hyundai го освежи и ентериерот на Kona, каде се уште се чувствува позитивната енергија на кросоверот подготвен пред се за помладите возачи, но со поголема доза рафинираност и дигитализација. Kona ја добива 10,25-инчната дигитална инструмент табла која веќе дебитираше кај новиот i20, а со иста димензија може да биде и централниот екран.

Дизел моторот со 136 коњски сили добива 48V технологија што ја претвора Kona во благ хибрид, а оваа опција е достапна и кај 1.0-литарскиот турбо бензинец со 120 коњски сили. На врвот според моќноста е 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 198 коњски сили.

Kona е достапна и како самополнечки хибрид, при што се добива погонска моќ од 141 кс, погон на предните тркала и шест-степена трансмисија со двојна спојка.

Посебен новитет е Kona N Line, спортски инспирираната изведба од N моделите на Hyundai, која добива поемотивен и поспортски дизајн.

Оваа изведба ќе биде препознатлива по специјалните елементи на екстериерот и во ентериерот, кои го потенцираат нејзиниот динамичен карактер и ја подобруваат аеродинамичноста, а ќе го носи и N Line беџот за да биде уште попрепознатлива.

Hyundai Kona од пред неколку месеци е подостапна за европските купувачи, откако нејзиното производство беше проширено и во фабриката во чешкиот град Ношовице.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla