Slide

Новитети

Hyundai го претстави Ioniq 6 – електрично спортско купе со 800 волтна технологија на полнење од добавувачот Rimac

Slide

Долгото меѓуоскино растојание на Ioniq 6 од безмалку 3 метри, беше доволно за поставување на поголем број на батериски модули помеѓу оските.

29/06/2022

Hyundai, со мало задоцнување, ќе го лансира Ioniq 6 на почетокот на следната година.

Иако следејќи ја номенклатурата на моделите со ознака Ioniq, електричната гама во рамките на Hyundai, оние кои ги следат активностите во автоиндустријата очекуваа Ioniq 6 да го следи дизајнерскиот правец на Ioniq 5, како што тоа е честа пракса во автоиндустријата, сепак, Кореанците креираа сосема нов дизајн за спортското купе.

Во предниот дел доминираат LED светлата и прилично заоблената хауба. Кровот – соодветен за купе изведбите, се умерено се спушта кон задниот дел. Линијата на кровот, во комбинација со ниските прозорци на задната клупа креираат парабола која потсетува на моделите CLA и CLS на Mercedes. 

Преку овој дизјан, дизајнерите на Hyundai успеаја да достигнат коефициент на отпор на воздухот од 0.21. За споредба, најаеродинамичниот модел на Mercedes, моделот EQS има коефициент на отпор од 0.20, а слични коефициенти имаат и Mercedes CLA (0.22) и Tesla Model 3 (0.23).

За разлика од дизајнот, технологијата е преземена од Ioniq 5. И Ioniq 6 е поставен на E-GMP платформата која е соодветна за производство на плаг-ин хибридни, водородни и електрични погони.

Слично како во случајот на MEB платформата на VW, кај оваа платформа батериите се сместени во подвозјето. Долгото меѓуоскино растојание на Ioniq 6 од безмалку 3 метри, беше доволно за поставување на поголем број на батериски модули помеѓу оските.

Автономијата е проектирана помеѓу 650 и 700 километри. Ioniq 5 има две опции кога е во прашање батеријата, со 58 и 77.4 kWh капацитет, а истиот избор се очекува и кај купето. 

Во комбинација со послабата батерија, достапен ќе биде избор на еден од двата електрични погони. Едниот, кој ја придвижува задната оска, со сила од 160 kW, и втората опција – два електрични мотори, по еден на секоја оска, со вкупна сила од 230 kW.

Изведбите на Ioniq 6 со поголема батерија ќе се комбинираат со погон сличен на оној од Kia EV6. Тој ќе има заден погон со 229 hp, и слично како и кај EV6 GT – опција за 585 hp и погон на сите тркала.

За полнење на батеријата ќе се користи 800 волтниот систем за полнење со еднонасочна струја, кој Hyundai го добива од хрватскиот добавувач Rimac.

Ioniq 6 беше планирано да пристигне годинава. Но, кусо пред стартот на производството на почетокот на годинава, Hyundai реши да направи одредени промени во моделот. Според информациите, направен бил редизајн на предните светла, како и на предниот и заден браник.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила