Slider

Новитети

Hyundai го претстави новиот Tucson: Дизајнерска револуција и многу технологија

Slider

Новиот Hyundai Tucson стигна до должина од 4,5 метри, меѓуоскиното растојание е 2.680 милиметри, а купувачите ќе бираат меѓу 17, 18 и 19-инчни тркала

15/09/2020

Hyundai пред неколку недели објави неколку фотографии од новата генерација на Hyundai Tucson, a утринава се претставени и сите детали поврзани со автомобилот кој со себе нови дизајнерска револуција во однос на претходникот.

Атрактивниот преден дел минува во знакот на специфичните светла кои се вградени во маската, на задниот дел бришачите се сокриени под спојлерот, додека логото на Hyundai e најдолу на ветробранското стакло.

„Апмаркет“ стратегијата подготвена за Tucson се чувствува и во кокпитот, каде возачот добива поминималистички пристап, со малку физички команди, 10,25-инчен централен екран, опција за дигитална инструмент табла и квалитетни и меки материјали околу себе.

Технолошкиот напредок се чувствува од секој аспект, па покрај BlueLink опциите за инфо-забавниот систем, тука е и опцијата за полу-автономно возење кое овозможува автомобилот сам да одржува растојание и движење во лента на отворен пат.

Новиот Hyundai Tucson стигна до должина од 4,5 метри, меѓуоскиното растојание е 2.680 милиметри, а купувачите ќе бираат меѓу 17, 18 и 19-инчни тркала. Покрај големиот број безбедносни системи вклучени во понудата на овој SUV, треба да се спомене и надградбата со централно воздушно перниче кое ќе ја зголеми безбедноста на возачот и совозачот.

Tucson добива и поголем багажник чиј почетен капацитет варира во однос на изведбата, а оние што ќе изберат бензински мотор ќе добијат дури 620 литри.

Класичните бензински и дизел изведби ќе бидат надградени со опција за 48V технологија, што значи дека таа ќе биде достапна кај турбо-бензинците со 150 и 180 коњски сили, како и кај 1.6-литарската дизел изведба со 136 коњски сили. Опцијата за погон на четири тркала е достапен кај овие изведби, а единствено почетниот дизел мотор со 115 кс нема да може да се комбинира со 4×4 погон и конфигурација како благ хибрид.

Четвртата генерација на Tucson ќе добие и хибридна изведба со 230 коњски сили, додека следната година понудата ќе биде проширена со плаг-ин хибрид и N Line варијација која ќе му даде поспортски израз на SUV моделот кој и натаму ќе се произведува во фабриката во Ношовице, Чешка.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider