Slider

Вести

Hyundai го стартува производство на освежениот i30 во Ношовице

Slider

Новата генерација влегува во производство на 25 мај, со што купувачите полека, но сигурно, ќе можат да се уверат во квалитетите на автомобилот кој досега е продаден во над 1 милион примероци и во продажната мрежа низ континентот

21/05/2020

Моделот i30 има посебно значење за Hyundai на европскиот континент, откако ова беше прв автомобил развиван специјално за европските купувачи и прв кој се произведуваше во фабриката во Ношовице, Чешка.

Новата, освежена изведба на актуелната генерација влегува во производство на 25 мај, со што купувачите полека, но сигурно, ќе можат да се уверат во квалитетите на автомобилот кој досега е продаден во над 1 милион примероци и во продажната мрежа низ континентот.

Можеби i30 остана без класична саемска премиера поради откажувањето на Саемот во Женева, но во Hyundai се сигурни дека ќе го добие потребното внимание на јавноста и дека набргу ќе си ја заземе позицијата која ја заслужува во продажната статистика на компактите.

Новиот i30 повторно ќе биде понуден како хечбек, фестбек и комби изведба, а покрај помодерниот дизајн, ова Hyundai доживеа сериозна технолошка и квалитативна еволуција, вклучувајќи го користењето на напредните системите за безбедност и асистенција на возачот.

Hyundai сега ја вклучи N Line спортската варијација и кај комби изведбата на i30, а важно за купувачите е што европскиот продукт на корејскиот бренд ќе биде достапен и како благ хибрид со 48V технологија.

Повеќе содржини за Hyundai

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider