Slide

Вести

Hyundai и Kia проектираат дури 10% раст на својата продажба во 2023 година

Slide

Кај Hyundai годината ја обележаа високите продажби за електричните Ioniq 5 и лансирањето на Ioniq 6. Двете електрични модели беа продадени во над 100,000 примероци во 2022 година.

04/01/2023

И покрај неостварените продажни таргети од минатата 2022 година, Hyundai и Kia планираат да ја зголемат својата продажба за цели 20% оваа годиан.

Двата производитела минатата година заедно продадоа 6.85 милиони возила, што е за 4% помалку од нивниот таргет (7.16 милони), како резултат на проблемите со недостиг на компоненти.

Од производителите најавуваат годишен таргет од 7.52 милиони возила за оваа година.

“Hyundai планира да го зголеми пазарниот удел преку флексибилност и брза реакција на пазарните промени, забрзување на транзицијата кон електрификацијата, како и оптимизирање на производството и логистиката и продажбите по региони”, се вели во соопштението на групацијата под чија капа се двата бренда – Hyundai и Kia.

Според аналитичарите, овие таргети се агресивни, но и достижни, особено поради тоа што поради недостигот на компоненти и доцните испораки во 2022, дојде до зголемување на побарувачката чии ефекти ќе се почувствуваат оваа година.

Имено, и двата производитела имаат голем обем на нарачки за кои купувачите сѐ уште чекаат да им бидат испорачани. Токму поради ова, Корејците се прилично самоуверени.

Но, продажбата не е загарантирана, особено во услови на инфлација и покачување на каматните стапки, два тренда кои значително може да ја отежнат продажбата на нови возила оваа година.

Доколку се анализираат двата бренда одвоено, таргетот за Hyundai за 2023 изнесува 4.32 милиони возила, додека на Kia изнесува 3.2 милиони возила.

Кај Hyundai годината ја обележаа високите продажби за електричните Ioniq 5 и лансирањето на Ioniq 6. Двете електрични модели беа продадени во над 100,000 примероци во 2022 година.

Кај Hyundai бестселер во 2022 е моделот Sportage со 452,068 продадени примероци.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели