Slider

Новитети

Hyundai i30 N доби повеќе моќ и автоматска трансмисија

Slider

По премиерата, стана јасно дека Hyundai i30 N останува со 250 коњски сили, но затоа со Performance пакетот се добива i30 N со 280 коњски сили, што е зголемување на моќноста за 5 кс ка 2.0-литарскиот бензинец со четири цилиндри

25/09/2020

Освежувањето за Hyundai i30 очекувано донесе и фејслифт верзија на спортската изведба i30 N, а корејскиот бренд се погрижи да го подобри автомобилот во неколку сегменти, обезбедувајќи уште поголемо задоволство кај возачите во однос на возните карактеристики, динамиката и перформансите.

Дизајнерските промени ја следат насоката на класичната изведба на i30, но затоа инженерите имаа во N дивизијата на Hyundai имаа задача да направат ревизија на суспензијата, системот за управување и погонската единица.

По премиерата, стана јасно дека Hyundai i30 N останува со 250 коњски сили, но затоа со Performance пакетот се добива i30 N со 280 коњски сили, што е зголемување на моќноста за 5 кс ка 2.0-литарскиот бензинец со четири цилиндри.

Новитет е и трансмисијата со двојна спојка и осум степени, што овозможува избор во однос на досегашната достапност на i30 N со мануелна трансмисија.

Во конфигурацијата со DCT трансмисија, Hyundai вметна и N Grin Shift режим на возење, што значи дека со една команда возачот добива „овербуст“ реакција на турбо-полначот во траење од 20 секунди.

На располагање е и опција за 10,25-инчен екран со вградена навигација, а новитет е и софтверот за следење на перформансите на патека, при што возачот добива анализа и статистика за најважните карактеристики и забрзувањето.

Hyundai i30 N првпат ќе биде достапен и со специјални N седишта за возачот и совозачот. Тие се направени од полесни материјали и штедат по 2,2 килограми во однос на тежината.

Спортскиот компакт на Hyundai се покажа како вистински погодок и во Европа веќе се продадени над 25.000 примероци за само неколку години.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider