Slider

Стории

Hyundai Ioniq доби највисока оценка во истражување меѓу британските возачи

Slider

Возачите на Ioniq, кој е достапен како хибридна, плаг-ин хибрид и електрична изведба, му дале просечна оценка 93,7%, со што ова Hyundai заслужено го освои првото место

15/05/2020

Првите примероци на Hyundai Ioniq беа доставени до купувачите во 2016 година, а електрифицираниот модел на корејскиот бренд веќе ужива посакувано реноме меѓу европските купувачи.

Тоа го покажува истражувањето на британскиот онлајн продажен советник „HonestJohn“, кој и во 2020 година направи анкета меѓу 10.000 британски возачи, во кое главна тема е задоволството од автомобилот со кој управуваат.

Токму Hyundai Ioniq кој во меѓувреме доби и освежена изведба, добил највисока оценка од возачите, победувајќи во оваа споредба на актуелните модели.

– Возачите споделија со нас дека Ioniq е едноставен за користење, лесен за возење, доволно комфорен и со посакувани технолошки решенија. Ова е доказ дека Hyundai произведува автомобили кои се посакувани од возачите, – истакнал Ден Пауел од „HonestJohn“.

Возачите на Ioniq, кој е достапен како хибридна, плаг-ин хибрид и електрична изведба, му дале просечна оценка 93,7%, со што ова Hyundai заслужено го освои првото место.

– Наградите како оваа, доделени од луѓе кои секојдневно живеат со нашите автомобили е вистинска привилегија. Илјадници вработени на Hyundai работат секојдневно низ целиот свет за да стигнеме до врвен квалитет од повеќе аспекти, а признанието од „HonestJohn“ е одлична потврда дека успеало во тоа, – вели Ешли Ендрју од британското претставништво на Hyundai.

Топ 10 за 2020 година според задоволство на британските возачи

1. Hyundai Ioniq 93,7%
2. Skoda Superb Combi 93,1%
3. Hyundai i10 92,3%
4. Toyota Prius 92,2%
5. Skoda Kodiaq 92,0%
6. BMW 5 Series Touring 91,9%
7. Lexus NX 91,8%
8. Skoda Superb 91,7%
9. Skoda Octavia 91,2%
10. Kia Niro 91,1%

Повеќе содржини за Hyundai

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider