Slider

Новитети

Hyundai ја надгради и електричната изведба на Kona

Slider

Електричната Kona досега е продадена во 120.000 примероци, од кои 53.000 завршиле на европските пазари, а дека бројките само ќе се подобруваат говори и се поголемата продажба на автомобилите со електричен погон

11/11/2020

Првата генерација на Hyundai Kona ги реализира амбициите на корејскиот бренд во сегментот, а со освежената верзија која веќе е претставена има свои адути со кои ќе ја продолжи успешната приказна.

Се поважен дел во истата има и електричната изведба на Kona, која можеби пристигна срамежливо на европскиот пазар, но големиот интерес за кросоверот го натера Hyundai да го прошири производството на моделот и во фабриката во Ношовице.

Купувачите низ Европа сега можат побрзо да го добијат порачаниот примерок, а во иднина на располагање ќе им биде достапна и фејслифт верзија, која Hyundai официјално ја претстави денеска.

Сосема очекувано, Kona EV доби одредени надградби, вклучувајќи го освежувањето на екстериерот, каде лесно ќе се забележи редизајнот на светлосните елементи и браникот.

Производителот ја зголеми должината за 4 сантиметри, исто како и кај класичната изведба, а достапни се и повеќе бои, вклучувајќи ги и двобојните опции.

Електричната Kona првпат ќе понуди 10,25-инчна дигитална инструмент табла, а на централната позиција исто така е достапна опцијата за надградба до екран осетлив на допир со истата дијагонала. За комплетирање на впечатокот ќе се погрижи последната генерација на Bluelink системот, кој прави достапни многу напредни функции, меѓу кои и контрола на полнењето и активирање на клима-уредот преку апликација.

Она што сигурно има позитивен ефект кај купувачите е и изборот на две верзии на електричната Kona.

Првата опција е електричен погон со моќност од 136 коњски сили и автономија до 305 километри, додека помоќната изведба со 204 коњски сили располага со 64 kWh батерија и автономија до 484 километри, што е импресивна бројка која го поедноставува користењето.

Електричната Kona досега е продадена во 120.000 примероци, од кои 53.000 завршиле на европските пазари, а дека бројките само ќе се подобруваат говори и се поголемата продажба на автомобилите со електричен погон.

Моделот на корејскиот бренд дополнително добива и поголем број безбедносни системи, shift-by-wire технологија и понапреден систем за регенерирање на енергија при користење на сопирачките.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider