Slide

Вести

Hyundai ја отвори фабриката во Ношовице, Audi активен во Ѓер

Slide

Помрднување од „мртва точка“ се случи и во фабриката за мотори на Audi во унгарски Ѓер, каде почна склопување барем на симболична сума мотори во текот на еден работен ден

15/04/2020

Фабриката на Hyundai во Ношовице им се врати на вообичаените активности по тронеделна пауза изнудена со кризата предизвикана од коронавирусот.

Од вчера, единствената европска фабрика на корејскиот бренд повторно е активна, но со две од вообичаените три смени кои работеа пред да биде прекинато производството на 21 март.

Покрај помалиот број работници во текот на еден работен ден, Hyundai ги засили мерките за заштита на сите вработени, тие работат на поголема оддалеченост, а сите делови во фабриката се дезинфицираат неколку пати во текот на денот.

Фабриките на Skoda и заедничката на PSA и Toyota во Колин засега остануваат затворени.

Помрднување од „мртва точка“ се случи и во фабриката за мотори на Audi во унгарски Ѓер, каде почна склопување барем на симболична сума мотори во текот на еден работен ден.

Според германскиот производител, засега работи само една смена со околу 100 вработени, а тоа значи по неколку стотина мотори дневно. Audi најави дека наскоро активностите во Ѓер ќе бидат зголемени.

Од останатите производители, потврдено е само дека од вчера продолжи производството на Mercedes G-Class во производствените капацитети на Magna во австриски Грац. Renault објави дека почнува со дел од активностите во фабрикат во Португалија, а наскоро ќе ја отвори и фабриката во Романија.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба