Slider

Новитети

Hyundai ја престави Elantra N Line и најави хибридна изведба

Slider

За перформансите се грижи 1.6-литарскиот турбо бензинец со 201 коњска сила и кој може да биде поврзан со мануелна, но седум-степена трансмисија со двојна спојка

13/08/2020

Hyundai во неколку наврати ја најавуваше премиерата на Elantra N Line, а првата ваква изведба на легендарниот седан сега е претставена и официјално.

Elantra N Line очекувано е подготвена за оние кои сакаат поспортски изглед и поспортски пристап во својот автомобил, па ќе се разликува од класичната изведба и со одредени елементи на екстериерот и во кабината.

Маската со N Line логото и специфичен дизајн, дифузерите, како и 18-инчните тркала, спојлерот, хромираниот двоен издув и специјалниот заден дифузер се само дел од карактеристиките на Elantra N Line, поради кои автомобилот лесно ќе ги привлече возачите кои сакаат спортски седани.

За перформансите се грижи 1.6-литарскиот турбо бензинец со 201 коњска сила и кој може да биде поврзан со мануелна, но седум-степена трансмисија со двојна спојка. Возачот добива и команда за избор на режим на возење и ревидирана суспензија која ќе одговара на N Line профилот на Elantra.

Оваа премиера е искористена и за најава на хибридна изведба на Elantra, која ќе биде достапна од следната година, а ќе подразбира комбинација на 1.6-литарскиот мотор и електро-мотор за вкупни 139 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider