Slide 1

Новитети

Hyundai ја претстави новата Elantra, седанот доби и хибридна изведба

Slide 1

Elantra ќе биде подолга и пониска, обезбедувајќи повеќе простор во кабината и подобра аеродинамичност, а хибридната изведба ќе располага со погонски 140 коњски сили и сериозна економичност

18/03/2020

Американската премиера на Hyundai Elantra го означи почетокот на седмото поглавје во историјата на еден од најуспешните модели на корејскиот бренд.

Холивудско студио беше домаќин на претставувањето на новата Elantra, а таа покрај атрактивниот дизајн кој ја следи веќе најавената дизајнерска насока на брендот, првпат добива и хибридна изведба и многу иновативни технологии.

Elantra ќе биде подолга и пониска, обезбедувајќи повеќе простор во кабината и подобра аеродинамичност, а хибридната изведба ќе располага со погонски 140 коњски сили и сериозна економичност.

Hyundai со право го потенцира и фактот што овој модел ќе биде прв во сегментот кој добива безжично поврзување со Android Auto и Apple CarPlay, како и технологијата Hyundai Digital Key, што подразбира користење на автомобилот без физичко присуство на клучот и споделување на истиот со други лица, а засега функционира само преку Android оперативниот систем.

Large-40586-2021Elantra
Large-40580-2021Elantra
Large-40577-2021Elantra
Large-40594-2021Elantra
Large-40603-2021Elantra
Large-40585-2021Elantra

Exit full screenEnter Full screen

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla