Slide 1
Slide 1

Новитети

Hyundai ја претстави жешката Kona N со 280 коњски сили

Slide 1
Slide 1

27/04/2021

Понудата на Hyundai Kona од денеска е официјално побогата спортската изведба Kona N, динамичен кросовер кој ќе располага со 280 коњски сили и ќе биде интересен предизвик за купувачите во овој сегмент.

N дивизијата на корејскиот бренд продуцира респектабилни автомобили, а најновиот, петти во понудата ќе ги комбинира привлечноста и динамичната силуета со специјално подготвената погонска единица.

Kona N доби бензински мотор со 280 кс, поврзан со осум-степена трансмисија со двојна спојка, при што инженерите предвиделе три специјални режими на возење, со кои ќе се извлече максимум од автомобилот во различни ситуации, а тоа ја вклучува N Grin Shift опцијата, која значи користење на максималниот потенцијал на погонот во делница од 20 секунди.

Со асистенција на својот „лаунч контрол“, Kona N стигнува од место до 100 км/ч за 5,5 секунди, а располага со електронски диференцијал со ограничено пролизгување и електронска адаптивна суспензија.

– Kona N е вистински „жежок SUV“ со перформанси на спортски компакт и го прекршува правилото кое вели дека SUV не може да биде забавен автомобил. Како N модел тој ги надминува границите на обичен SUV, Kona N овозможува возбудливо секојдневно возење и жестоко освојување на свијоци на патека, – вели Алберт Бирман, предводникот на N дивизијата на Hyundai.

Kona N ќе се истакнува во однос на класичната Kona со специфичните промени на екстериерот и големите 19-инчни тркала, а го задржува багажникот со капацитет од 361 литар, како и димензиите на обичната Kona.

Во ентериерот се истакнува дигиталната инструмент табла адаптирана на специфичните N карактеристики, како и 10-инчниот централен екран со најновата генерација на инфо-забавниот систем.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“