Slide

Новитети

Hyundai ја збогати понудата со спортскиот i20 N

Slide

Острите линии на екстериерот ја истакнуваат динамичноста и спортскиот карактер на i20 N, a од Hyundai потенцираат дека WRC искуството гарантира автомобилска приказна која ќе им се допадне на голем број купувачи во овој сегмент

22/10/2020

Реализирајќи ја најавата од пред неколку недели, Hyundai ги објави првите официјални фотографии од спортската изведба i20 N, која првпат се приклучува на гамата на корејскиот бренд.

Успесите на поголемиот i30 N и искуството од светскиот рели шампионат беа доволна причина Hyundai да понуди уште еден спортист, кој во случајов располага со атрактивен дизајн и моќна погонска единица.

Острите линии на екстериерот ја истакнуваат динамичноста и спортскиот карактер на i20 N, a од Hyundai потенцираат дека WRC искуството гарантира автомобилска приказна која ќе им се допадне на голем број купувачи во овој сегмент.

Hyundai i20 N ќе располага со 204 коњски сили, соработува со 6-степена мануелна трансмисија, а максималниот вртежен момент достигнува 275 Nm.

Тежината од 1.190 килограми овозможува оваа мала „ракета“ да се катапултира до 100 км/ч за 6,8 секунди, возачот има на располагање пет режими за возење, како и опција да направи индивидуален според своите приоритети, а во кокпитот добива спортски елементи и 10,2-инчен екран.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа