Skip to content

Вести

Hyundai најави 13 модели со алтернативен погон до 2022 година

Се работи за шест седани и седум SUV модели, а во овој пакет „алтернативци“ е вклучен и освежениот Ioniq кој со своето трио (хибрид, плаг-ин хибрид и електрична изведба) ќе биде претставен на претстојниот саем во Лос Анџелес

10/11/2019

Корејскиот гигант Hyundai најави нова „еко-френдли“ офанзива, а резултат треба да бидат 13 нови модели на алтернативен погон до 2022 година.

Се работи за шест седани и седум SUV модели, а во овој пакет „алтернативци“ е вклучен и освежениот Ioniq кој со своето трио (хибрид, плаг-ин хибрид и електрична изведба) ќе биде претставен на претстојниот саем во Лос Анџелес.

Следната година ќе пристигне и хибридна Sonata, додека преостанатите девет автомобили ќе бидат претставени до 2022 година.

Европските купувачи може да очекуваат и хибридна изведба на популарниот Tucson, додека во моментов веќе имаат можност да изберат електрична или хибридна Kona.

Hyundai во своето портфолио го има и Nexo, SUV моделот на погон на водород кој се нуди на селектирани пазари во Европа.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend