Skip to content

Вести

Hyundai најави фејслифт за i30 на Саемот во Женева

Откако беше најавена новата генерација на i20, денеска Hyundai потврди дека во Женева ќе претстави и нова верзија на компактот i30, кој секако има големо значење во европското портфолио на производителот

12/02/2020

За разлика од голем број други производители, Hyundai инсистира на саемска премиера на своите најважни новитети, па така по Франкфурт каде Корејците го претставија новиот i10, брендот подготвува интересен штанд и во Женева.

Откако беше најавена новата генерација на i20, денеска Hyundai потврди дека во Женева ќе претстави и нова верзија на компактот i30, кој секако има големо значење во европското портфолио на производителот.

Слично како и кај помалиот роднина, i30 ќе добие помодерен дизајн кој го покажува правецот во кој ќе се движи Hyundai во однос на своите идни продукти, а на предниот дел ќе се истакнуваат новата маска, редизајнот на светлата и атрактивните дневни LED светла во V форма кои ќе донесат подинамичен изглед за i30, посебно кај N-Line изведбата која е и претставена со тизер фотографиите.

Во кокпитот Hyundai најавува дигитална инструмент табла и поголем, 10,25-инчен екран на централната конзола, како и пософистициран избор на материјалите употребени во кабината.

Европскиот оддел на Корејците најави дека i30 N-Line во иднина ќе биде достапен и со комби изведбата, со што купувачите ќе можат да добијат поспортски дизајн и за овој попрактичен автомобил.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend