Slider

Вести

Hyundai најави N Line изведба на новата генерација на Elantra

Slider

Elantra влезе во својата седма генерација и како глобален модел пред себе има сериозни амбиции, а спортскиот изглед на N Line варијацијата ќе и донесе и нови фанови

08/07/2020

Новата генерација на Hyundai Elantra предизвика сериозно внимание поради својот атрактивен дизајн и технолошките иновации кои ќе ги добие автомобилот, а корејскиот производител првпат ќе лансира и N Line изведба на седанот.

Elantra влезе во својата седма генерација и како глобален модел пред себе има сериозни амбиции, а спортскиот изглед на N Line варијацијата ќе и донесе и нови фанови.

Првиот чекор на Hyundai е најава за дизајнот на Elantra N Line преку рендер фотографии, а од она што може да се забележи, автомобилот ќе добие N Line потпис на маската, спортски дифузери, 18-инчни тркала и двоен издув.

N Line изведбите во портфолиото на Hyundai го изразуваат стремежот за поспортска појава на автомобилите и поемотивен дизајн, а оние кои сакаат и изразени перформанси можат да се одлучат за модели како i30 N, i30 Fastback N и Veloster N, кои се надградени и со моќни погонски единици.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider