Стории
Hyundai не ги намалува цените на електричните автомобили за да ja заштити нивнaта остаточна вредност
Пазарниот удел на Hyundai Europe споредено со 2022 е зголемен за цел процентен поен, односно од 3.7 проценти на 4.7 проценти.
Европската дивизија на корејскиот автомобилски гигант Hyundai нема да го следи примерот на Tesla во однос на намалувањето на цените на електричните модели. Според Мајкл Кол, директорот на Hyundai Europe, ова се прави за да се заштити остаточната вредност на самите возила.
Минатата седмица тој изјави: “Нашето логицирање ги зема предвид конкурентноста, продажните таргети и профитабилноста…но, мора да ја земеме предвид и конзистентноста во ценовната политика, што во основа влијае и на остаточната вредност на возилото.”, изјави Кол
Остаточната вредност на електричните автомобили е многу значаен фактор, бидејќи многу мал број од оние кои се одлучуваат за електрично возило го купуваат автомобилот, туку во најголем дел ги земаат на лизинт.
“Заради ова, месечните издатоци кои тие ги плачаат на лизинг компаниите се многу важни. Во овој контекст, добрите остаточни вредности ни овозможуваат да бидеме многу конкурентни во однос на висината на месечните лизинг ануитети”, додава тој.
Дивизијата која тој ја води има голем успех во изминатиот период. Имено, пазарниот удел споредено со 2022 е зголемен за цел процентен поен, односно од 3.7 проценти на 4.7 проценти.