Slide

Вести

Hyundai обезбеди еколошки бонус од 8.000 евра за германските купувачи на електрични изведби

Slide

Hyundai ја информираше јавноста дека производителот ќе ја зголеми субвенцијата за купувачите на електрифицирани изведби, па во случајот со електричните Kona и Ioniq, цената ќе биде пониска за цели 8.000 евра

29/01/2020

Електрифицираните и посебно електричните модели на Hyundai деновиве добија многу поголема популарност во Германија, а причина е одлуката на производителот за специјален бонус за своите купувачи.

Hyundai ја информираше јавноста дека производителот ќе ја зголеми субвенцијата за купувачите на електрифицирани изведби, па во случајот со електричните Kona и Ioniq, цената ќе биде пониска за цели 8.000 евра.

Тоа подразбира намалување од 2.000 евра преку субвенциите кои ги одвојува државата и уште 6.000 евра зад кои стои Hyundai, што дефинитивно е најголемо олеснување за купувачите во Германија.

Со ваквата ценовна политика, електричната изведба на Hyundai Kona со моќност од 100 kW е достапна за 26.400 евра, додека помоќната варијација со 150 kW започнува со цена од 33.400 евра. Електричната изведба на Hyundai Ioniq има почетна цена од 26.900 евра.

Поголем еколошки бонус ќе добијат и купувачите на плаг-ин хибридната изведба на Ioniq, каде заедно со актуелната државна субвенција изнесува 6.500 евра.

Овој потег на корејскиот бренд треба да ги замени позитивните ефекти кои требаше да се постигнат со најавите на германската влада за поголеми субвенции. Додека истите останаа заглавени во процедурите, Hyundai реши да им го олесни купувањето на поеколошки автомобили на своите купувачи, а слична акција започна и германското претставништво на Renault, каде вкупната субвенција изнесува 6.000 евра.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан