Slider

Вести

Hyundai објави први фотографии од освежениот i30 N

Slider

Новата, освежена верзија ќе донесе уште поагресивен и поспортски дизајн, а во однос на промените тука е пошироката маска со N ознака, редизајнираните браници, двојниот издув, како и новиот дизајн на задните светла

16/09/2020

Hyundai продолжува да ги реализира најавените премиери со несмалено темпо, а откако вчера ја претстави новата генерација на Tucson, сега ги објави првите фотографии од освежениот i30 N.

Наскоро, корејскиот бренд официјално ќе ги соопшти сите детали поврзани со спортскиот компакт, а во меѓувреме останува да ги пренесеме првичните информации поврзани со автомобилот кој вози во својата прва генерација.

N одделот на Hyundai сериозно го прифати предизвикот да лансира хотхеч во класата каде има сериозна конкуренција, а првите години од продажбата покажуваат дека i30 N успеа да ги оправда очекувањата кои беа наметнати за тимот предводен од искусниот Алберт Бирман.

Новата, освежена верзија ќе донесе уште поагресивен и поспортски дизајн, а во однос на промените тука е пошироката маска со N ознака, редизајнираните браници, двојниот издув, како и новиот дизајн на задните светла.

На првите фотографии, Hyundai i30 N е претставен со нови 19-инчни тркала, кои според производителот се полесни од своите претходници и ќе влијаат на намалувањето на вкупната тежина на автомобилот.

Меѓу најважните елементи кои досега не беа достапни е издвоена осум-степената трансмисија со двојна спојка, која во иднина ќе биде достапна кај i30 N.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider