Slider

Вести

Hyundai подготви автентичен дизајн за кросоверот Bayon

Slider

20/01/2021

Во годината во која Hyundai планира да ја започне комерцијализацијата на голем број важни нови модели, на европската сцена ќе пристигне и Bayon.

Се работи за идниот најмал кросовер, поставен под Kona во понудата на корејскиот бренд и автомобил кој со својата модерна појава и подостапна цена ќе ги лови најмладите купувачи.

Hyundai утринава објави неколку тизер фотографии, со кои само ја загрева атмосферата пред премиерата на Bayon, која дефинитивно ќе се случи во првиот дел на 2021 година.

Новиот дизајнерски правец кој е веќе најавен со новиот Tucson, носи интересни решенија и кај Bayon, а решението за формата на светлата, како и хоризонталната поврзаност на задните светла ќе донесат посакувана уникатност кај идниот кросовер.

Повеќе содржини за Hyundai:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider