Slider

Новитети

Hyundai подготви N Line изведба за i20

Slider

Добра вест за купувачите е што оваа конфигурација ќе биде достапна со два мотора со три различни моќности, што подразбира 1.2-литарски бензинец со 84 кс (PS), односно 1.0-литарскиот турбо бензинец со 100 или 120 коњски сили (PS)

30/09/2020

Моделската офанзива на Hyundai продолжува во сите сегменти, а тоа подразбира и збогатување на понудата со различни изведби, за кои постои интерес меѓу купувачите.

Супкомпактот i20 во освежената актуелна генерација ќе добие и N Line изведба, а тоа ќе биде автомобил кој покрај класичната основа ќе добие дизајнерски елементи инспирирани од творештвото на N дивизијата на Hyundai, која наскоро ќе има побогато портфолио.

Корејците решија на помладата популација да им го доближат спортскиот имиџ кој го подразбира потписот N Line, а тоа лесно се забележува на екстериерот каде покрај натписот кој ја означува изведбата на маската во црна боја, i20 добива специфичен и поспортски браник, нешто што се пренесува и на задниот дел каде е вметнат двоен хромиран издув.

Во ентериерот забележливо е црвеното опшивување на седиштата, воланот и централната конзола, а i20 N Line ќе добие и спортски седишта, N ознаки и метални педали.

Добра вест за купувачите е што оваа конфигурација ќе биде достапна со мотори со три различни моќности, што подразбира 1.2-литарски бензинец со 84 кс (PS), односно 1.0-литарскиот турбо бензинец со 100 или 120 коњски сили (PS).

1.0-литарскиот мотор може да биде комбиниран со 48V технологија која го претвора i20 N Line во благ хибрид, а во игра е и интелигентната мануелна трансмисија на Hyundai.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider