Slider

Вести

Hyundai подготвува Tucson N и Kona N за следната година

Slider

Tucson N и Kona N сигурно ќе добијат и свој печат на екстериерот и ентериерот, како и сериозна модификација на суспензијата и системот за управување, погонската единица би требало да биде инспирирана од таа која тимот на Алберт Бирман ја подготви за i30 N (Фото: Tucson N Line)

14/04/2020

Hyundai подготвува одлично изненадување за своите фанови кои сакаат поизразени перформанси, а во случајов се работи за активностите на N дивизијата во SUV сегментот.

Корејскиот производител веќе ги започнал тестирањата за N изведби на Tucson и Kona, што значи дека во 2021 година и двата SUV модела на Hyundai ќе имаат варијација по примерот на i30 N.

Покрај тоа што Tucson N и Kona N сигурно ќе добијат и свој печат на екстериерот и ентериерот, како и сериозна модификација на суспензијата и системот за управување, погонската единица би требало да биде инспирирана од таа која тимот на Алберт Бирман ја подготви за i30 N.

Тоа подразбира 2.0-литарски T-GDi турбо-бензински мотор со моќност меѓу 250 и 275 коњски сили за Tucson N, односно ревидиран 1.6-литарски T-GDi мотор со околу 200 коњски сили за Kona N.

Премиерата треба да се случи кон средината на следната година, а првично производството ќе се одвива во фабриката во Улсан.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider