Skip to content

Вести

Hyundai потврди нова рекордна година на европскиот пазар

Европскиот оддел на корејскиот производител го истакна успешното работење во претходната календарска година, а тоа е изразено со раст од 3,8 проценти, односно означува продажба на 563.018 примероци

17/01/2020

Брендот Hyundai го продолжи позитивниот тренд во Европа, потврдувајќи го новиот продажен рекорд во Европа остварен во минатата 2019 година.

Европскиот оддел на корејскиот производител го истакна успешното работење во претходната календарска година, а тоа е изразено со раст од 3,8 проценти, односно означува продажба на 563.018 примероци.

Hyundai има поголем раст од тој на европскиот пазар во споредба со 2018 година, а најголеми „виновници“ за ваквиот епилог се купувачите во земји како Германија и Франција, каде продажбата била зголема за 13, односно 14 проценти.

– Петта година по ред поставуваме нов сопствен рекорд во Европа, продолжуваме да ги слушаме потребите на нашите клиенти и ќе им обезбедиме најдобар микс на продукти и услуги, продолжувајќи го постојаниот раст со силна тенденција во насока на електричните автомобили, – вели Андреас Кристоф-Хофман од Hyundai Europe.

Производителот го истакнува своето моделско портфолио кое ја задржува постојаната свежина, а кое ќе биде надградено и во 2020 година, како и фактот дека до средина на 2020 година три четвртини од понудата ќе биде достапна и во електрифицирана форма.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend