Slider

Новитети

Hyundai со електрична премиера: Ioniq 5 располага со 800V технологија и V2G систем

Slider

23/02/2021

Електричните модели ја покажуваат решителноста на производителите што побргу да се соочат со новата ера во мобилноста, а Hyundai го направи следниот важен чекор со премиерата на Ioniq 5.

Се работи за прв автомобил кој е поставен на новата платформа на групацијата, наменета за електрични автомобили и модел со кој корејскиот бренд ја најавува силната офанзива во овој дел од својата понуда.

Ioniq 5 е долг 4,6 метри, има меѓуоскино растојание од 3 метри, а овој атрактивен кросовер ќе понуди и багажник со капацитет од 531 литар.

Hyundai го најави овој специфичен дизајн кој ги поврзува модерните технологии со ретро изгледот уште на Саемот во Франкфурт во 2019 година, со концептот 45, а не само што ги задржа основите на тој автомобил, туку потврди дека го задржува концептот да избегнува клонирање меѓу своите модели со различни димензии и намени.

Едно од најсилните оружја на Hyundai Ioniq 5 e фактот што располага со 800V технологија за полнење на батеријата (досега достапна само кај Porsche Taycan), што значи ултра брзо добивање дополнителна автономија.

Или во превод, Ioniq 5 поддржува полнење на брз полнач со капацитет од 220 kW, при што може да стигне од 10 до 80 проценти за 18 минути или добива 100 километри за само 5 минути.

Иновативноста на Hyundai се потврдува и со фактот дека овој автомобил ќе може да се користи и како мини-генератор на енергија (V2G), односно капацитетот на батеријата ќе може да се користи за полнење на различни уреди, па дури и за враќање на енергија во домашниот систем во одредени околности.

Ioniq 5 ќе биде достапен со две батерии, а и во двата случаја ќе може да се избере погон на две или четири тркала.

Најмалку моќната изведба е со 170 коњски сили, додека најмоќната ќе располага со 306 коњски сили и вртежен момент од 605 Nm. Во зависност од избраната конфигурација, автономијата на Ioniq 5 стигнува до 480 километри.

Повеќе содржини за електрични модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider