Slider

Вести

Hyundai со први фотографии од освежената Kona и најава за Kona N Line

Slider

Сега е време за освежување на Kona, а корејскиот бренд веќе ги објави првите детали во пресрет на премиерата, вклучувајќи ја и најавата за Kona N Line изведбата која првпат ќе биде вклучена во портфолиото

26/08/2020

Hyundai го претстави кросоверот Kona како глобален модел во 2017 година, а успесите на овој модел беа надградени со големиот интерес и за неговата електрична изведба.

Сега е време за освежување на Kona, а корејскиот бренд веќе ги објави првите детали во пресрет на премиерата, вклучувајќи ја и најавата за Kona N Line изведбата која првпат ќе биде вклучена во портфолиото.

Една од најважните карактеристики во однос на дизајнот на Kona е спортскиот израз, но купувачите кои сакаат нешто повеќе од тоа, ќе може да изберат примерок со ознаката N Line, кој оди чекор подалеку од овој аспект.

Од првите фотографии е јасно дека Kona ќе добие нова форма на дневните LED светла, додека Kona N Line е најавена со поагресивен преден дел, пониско поставени дифузери и одредени модификации за подобра аеродинамилност.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider