Slide 1

Стории

И во Македонија од 2030 ќе се продаваат само хибридни и електрични нови автомобили

Slide 1

Согласно ЕУ регулативата, нивото на Co2 емисија на ниво на гама на еден производител/групација во текот на годината во просек не треба да надминува 95гр/100км по возило.

13/07/2021

Некој кој не живеел во Македонија во последните 20-тина години, од насловот може да добие впечаток дека Македонија веќе одамна станала членка на ЕУ и веќе воведува регулатива за забрана на возила со мотори со внатрешно согорување по примерот на Велика Британија, Норвешка и Франција.

Овие три европски држави веќе одредија датуми по кои во нивните земји ќе биде дозволена продажба само на електрични нови автомобили.

Иако не треба да се очекува дека кај нас до 2030 може да се донесе регулатива која ќе ги забрани бензинците и дизелите, сепак, трендот во автоиндустријата се движи во правец кој може таквата реалност да ја направи и наше секојдневие.

Сликата за тоа како ќе изгледа понудата на автомобили во 2030 можеме полесно да ја креираме доколку одблизу ги анализираме најавите и плановите на автомобилските производители.

Volvo, на пример, ќе продава исклучиво хибридни и електрични возила од 2025 година, а заедно со Ford веќе одлучија од 2030 година да произведуваат и продаваат само електрични возила.

Volkswagen, од друга страна, планира до крајот на деценијата да лансира дури 70 комплетно електрични модели на ниво на групацијата кои несомнено ќе ги преплават нивните продажни салони.

Audi, eден од брендовите на оваа групација, веќе престана да развива нови мотори со внатрешно согорување. Во интервју за весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung, нивниот CEO, Markus Duesmann во март годинава изјави: “Повеќе нема да развиваме нови мотори со внатрешно согорување, но ќе ги адаптираме постоечките мотори на новите Co2 норми. Плановите за Euro 7 нормата се голем технички предизвик за нас, со безмалку никаков бенефит за околината.” – завршува Duesmann.

Францускиот производител Peugeot е еден од оние кои сериозно инвестираат во електрификацијата. Брендот, кој е дел од Стелантис групацијата планира да понуди електрифицирани изведби на сите свои модели до 2025 година.

Неодамна имавме можност да направиме интервју со Linda Jackson, CEO на Peugeot, во кое таа најави дека до крајот на годинава дури 70% од гамата ќе има електрифицирани изведби.

Овој процес Peugeot ќе го спроведе во неколку фази, при што процентот на електрифицирани модели во понудата ќе се зголеми на 85% до 2023 година, за да достигне 100% електрифицирана гама во 2025 година.

Од стратегијата на Peugeot не се исклучени ниту комерцијалните возила. Брендот веќе нуди електрични изведби на сите свои комерцијални возила – Partner, Expert и Boxer.

Премиерата на новиот 308 во март годинава најавува продолжување на трендот. Бестселерот во компакт класата уште при лансирањето ќе се нуди и со плаг-ин хибрид изведби како дел од стратегијата која Peugeot ја брендира како “Power of Choice”.

Но, што е тоа што ги мотивира производителите на толку драстични чекори кон електрификацијата?

Согласно ЕУ регулативата, нивото на Co2 емисија на ниво на гама на еден производител/групација во текот на годината во просек не треба да надмине 95гр/100км по возило.

За секој надминат грам над границата од 95, производителот треба да плати по 95 евра пенали. Така, на пример, возило кое има Co2 емисија од 125гр/100км, условно кажано го “чини” производителот дополнителни 2.850 евра (30гр х 95 еур) пенали. Но, како што спомнавме, пресметката не се прави за секое возило поединечно, туку како просек од сите продадени возила во текот на годината.

Со оглед на ниската Co2 емисија на плаг-ин хибридите, на пример, секој продаден плаг-ин хибрид значително го намалува овој просек. Затоа производителите се трудат да воведат што повеќе електрифицирани изведби во своето портфолио.

Но, не се работи само за тековната регулатива. Производителите го следат и пулсот на јавноста, знаејќи дека тоа ќе влијае на креирање на идните политики од страна на Европската Комисија.

Неодамна, сеопфатна анкета помеѓу жителите на повеќе европски градови отркива дека дури 63% од нив поддржуваат продажба на исклучиво електрични нови возила по 2030 година. Штом јавното мнение е вакво, политичарите ќе бидат уште повеќе охрабрени да им удоволат на своите гласачи преку воведување на строга регулатива во однос на Co2 емисијата.

Ваквото движење на трендот несомнено ќе го зголеми учеството на електрифицираните возила во автомобилските салони. Со зголемување на нивниот пазарен удел, тие ќе станат и поевтини за производство, а со тоа и подостапни за купувачите.

Претставници на автопроизводителите често знаат да потенцираат дека понудата на електрични и хибридни возила за неколку години ќе биде толку атрактивна, така што изборот на возило со мотор со внатрешно согорување ќе биде економски неисплатливо за самите купувачи.

Заради тоа многу е веројатно дека и купувачите на нови возила во Македонија ќе бидат економски мотивирани да се одлучат за хибридно или електрично возило и покрај тоа што за разлика од граѓаните на Европската Унија, веројатно уште долго по 2030 нема да да бидат законски обврзани на тоа.

Повеќе содржини за хибридни возила:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla
Фејслифтот на Citroën C3 Aircross кој брендот го најави во февруари, пристигна во салонот на Citroën во Скопје