Вести
IBM тврди дека има концепт за батерија која не користи кобалт и никел
Инженерите на IBM посочуваат дека користењето други материјали ќе овозможи и помал степен на деградација на батеријата, односно намалување на нејзиниот капацитет
Компанијата IBM тврди дека има солуција за нов тип батерии, кои во блиска иднина ќе може да се користат во погонските единици на електричните и плаг-ин хибрид автомобилите.
Прототипот на батеријата најавува дека таа има поголема издржливост, но и е понапредна во уште неколку сегменти од во моментов најдобрите продукти кои се користат во автомобилската индустрија, при што IBM ги нагласува безбедноста и цената како главни предности.
Фактот што литиум-јон батериите користат елементи како кобалт и никел го комплицира нивното производство, а иновацијата на IBM подразбира замена на кобалтот и никелот со други материјали при изработката на катодата, како и нов тип електролити кои се побезбедни на повисоки температури.
Инженерите на IBM посочуваат дека користењето други материјали ќе овозможи и помал степен на деградација на батеријата, односно намалување на нејзиниот капацитет.
Користењето на овој тип батерии може да стане реалност многу бргу во автомобилската индустрија, бидејќи IBM при истражувањето соработувал со германскиот концерн Daimler, па нема да биде изненадување ако неговите брендови први добијат понапредни батерии.