Slide

Вести

ID. Buzz ќе добие и GTX изведба која ќе има погон на сите тркала, 299 hp и вртежен момент од 460 Nm

Slide

Она што е посебно интересно е тоа што во текот на 2023 година Volkswagen ќе започне да го нуди ID.Buzz со продолжено меѓуоскино растојание и конфигурација со шест и седум седишта.

18/10/2022

До крајот на годинава се очекува VW да ги лансира ID. Buzz и ID.Buzz Cargo. 

Овие два комплетно електрични модели ќе бидат лансирани во Европа, а производителот веќе најави и многу моќна GTX изведба.

ID.Buzz е развиен врз основа на концептот претставен во 2017 година, а презема визуелни елементи од тековниот дизајнерски правец на електричната гама на брендот. Заради тоа дел од предната маска и предните светла потсетуваат на дизајнот на ID.3 и ID.4.

Клиентите ќе може да изберат една од 11-те комбинации на бои, а во зависност од нивото на опременост, VW ќе нуди избор помеѓу 18 и 21-инчни тркала.

Кокпитот на ID.Buzz е сличен на оној кај ID.3, кој исто така се забележува 5.3-инчниот дисплеј на инструмент таблата.

Над централната конзола е поставен уште еден екран кој може да биде со големина од 10 или 12 инчи. Инфотејнмент системот ги вклучува онлајн услугите We Connect и We Connect Plus, како и App Connect – функционалност за интегрирање со телефон.

Она што е посебно интересно е тоа што во текот на 2023 година Volkswagen ќе започне да го нуди ID.Buzz со продолжено меѓуоскино растојание и конфигурација со шест и седум седишта. Понатаму, производителот објави дека сите модели во ID гамата ќе добијат и GTX изведби. Тоа значи дека ID.Buzz ќе добие 4-motion погон на сите тркала со два електрични мотори – еден на предната и еден на задната оска. Оваа изведба ќе има 299 hp и 460 Nm вртежен момент. 

На задната оска ќе биде поставен мотор со сила од 150 kW и вртежен момент од 310 Nm, додека предната оска ќе ја придвижува мотор со сила од 80 kW и 162 Nm вртежен момент.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск