Skip to content

Вести

ID. SPACE VIZZION најавува привлечно електрично комби кое ќе пристигне во 2021 година

Како и останатите претставени или најавени ID. претставници, SPACE VIZZION ќе биде поставен на MEB платформата, а батеријата ќе му овозможува автономија од 590 километри со едно полнење

08/11/2019

Првичната куса најава на Volkswagen за премиера на нов концепт од ID. семејството на Саемот во Лос Анџелес, сега е потврдена со првите рендер фотографии кои ги објави производителот.

Во пресрет на саемската манифестација на калифорниска територија, стана јасно дека се работи за концептот кој ќе биде познат како ID. SPACE VIZZION и претставува кросовер која комби силуетата ја комбинира аеродинамичност на спортско купе и просторност на еден SUV.

Германците го потенцираат овој кросовер како дел од својата визија за иднината на мобилноста, а ID. SPACE VIZZION би требало да стане автомобил за сериско производство во вториот дел на 2021 година, при што ќе добие повеќе варијации за различните континенти на кои ќе се продава.

Како и останатите претставени или најавени ID. претставници, SPACE VIZZION ќе биде поставен на MEB платформата, а батеријата ќе му овозможува автономија од 590 километри со едно полнење.

Она што исто така е загатното со ID. SPACE VIZZION е концептот на кок-питот и следниот еволутивен чекор во однос на процесот на дигитализација.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend