Slide 1

Новитети

Имагинацијата на Кастелбажак претворена во специјално Citroën C1 JCC+ издание

Slide 1

Изведбата која ќе биде позната како Citroën C1 JCC+ е резултат на имагинацијата на Касталбажак и подразбира многу интересни елементи и детали кои ќе бидат јасно воочливи на екстериерот и во ентериерот на овој автомобил

28/05/2020

Citroën ја продолжи соработката со истакнатиот француски дизајнер Жан-Шарл де Кастелбажак, кој овој пат доби задача да направи спефицична и трендовска изведба на малиот C1.

Изведбата која ќе биде позната како Citroën C1 JCC+ е резултат на имагинацијата на Кастелбажак и подразбира многу интересни елементи и детали кои ќе бидат јасно воочливи на екстериерот и во ентериерот на овој автомобил.

Естетската авантура го истакнува најдоброто од двата света, автомобилите и модата, а колоритниот дизајн му дава на C1 JCC+ посебен израз со кој се одвојува од опкружувањето.

Меѓу позначајните детали се сината боја во средината на тркалата, црвената боја на капаците на ретровизорите, црната боја на покривот и тонираните задни прозорци и задно ветробранско стакло се само дел од потписот на францускиот дизајнер чие JCC+ лого е вметнато и на седиштата и патосниците, како и на стикери на екстериерот.

Citroën C1 JCC+ ќе биде достапен со бензинскиот мотор со 72 коњски сили, а ќе добие и автоматски клима-уред, двотонски црн покрив, 7-инчен екран, автоматски светла, 15-инчни тркала, како и 6 системи за безбедност и асистенција на возачот, меѓу кои и камера на задниот дел.

Повеќе содржини за Citroën

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla