Slide
Slide

Новитети

Империјата го возвраќа ударот-Porsche 911 Turbo S со најжестока доза перформанси досега

Slide
Slide

Porsche го заокружил проектот со дополнителни 70 коњски сили и 50 Nm, или со вкупни 650 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, кои ќе бидат награда за ентузијастите кои ќе сакаат, но и ќе можат да си го дозволат новиот 911 Turbo S

03/03/2020

Неколку новитети објавени денеска безусловно потсетуваат колку атрактивен можеше да биде Саемот во Женева, но и виртуелните премиери предизвикуваат голем интерес кај јавноста.

Една од најочекуваните премиери беше таа на Porsche 911 Turbo S или жестоката изведба на 992 генерацијата, која очекувано пристигна со дополнителна моќ задржувајќи го победничкиот менталитет.

Од карактеристиките на екстериерот и ентериерот, тука е предниот браник со интегрирани LED светла, поголемите дифузери, адаптивно задно крило, како и комбинација на 20, односно 21-инчни тркала. Во кокпитот, 911 Turbo S го задржува аналогно-дигиталниот пристап за инструмент таблата, располага со 10,9-инчен централен екран, како и Bose сараунд аудио-систем.

Porsche го заокружил проектот со дополнителни 70 коњски сили и 50 Nm, или со вкупни 650 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, кои ќе бидат награда за ентузијастите кои ќе сакаат, но и ќе можат да си го дозволат новиот 911 Turbo S.

Спринтот до стотка трае само 2,7 секунди, овој спортист стигнува до 330 км/ч, а силата до тркалата ја пренесува 8-степана PDK трансмисија. Уште од самиот старт, Porsche покрај купе, ја прикажа и кабриолет изведбата која ќе биде достапна истовремено.

b-P20_0122_a4_rgb
b-P20_0127_a3_rgb
b-P20_0120_a4_rgb
b-P20_0118_a4_rgb
b-P20_0105_a3_rgb
b-P20_0103_a3_rgb
ampnet_photo_20200303_179930
ampnet_photo_20200303_179928

Exit full screenEnter Full screen

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1