Slide
Slide

Вести

Иновација на Jaguar Land Rover: Бесконтактен екран за поголема безбедност и заштита од вируси

Slide
Slide

Иновацијата е дел од проектот „Дестинација нула“, чии главни цели се да го направат возењето безбедно, но и да обезбеди поголема заштита на животната средина и здравјето на луѓето

23/07/2020

Соработката на Jaguar Land Rover и Универзитетот Кембриџ во иднина ќе овозможи користење на бесконтактни екрани осетливи на допир во автомобилите на британската групација.

Покрај тоа што оваа технологија би ја подобрила безбедноста бидејќи возачот ќе губи помалку време за користење на екранот, ќе спречи и ширење на вируси и бактерии со оглед на фактот што ќе биде избегнат допир со екранот.

Иновацијата е дел од проектот „Дестинација нула“, чии главни цели се да го направат возењето безбедно, но и да обезбеди поголема заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Технологијата користи вештачка интелигенција, која со помош на сензори и следење на движењата на возачот побрзо ќе предвидат која команда сака да ја искористи возачот, со што нејзиното избирање ќе се одвива многу побрзо, а тоа ќе влијае и на поголемо задржување на вниманието кон ситуацијата на патот.

– Предвидувањето за изборот на функција на возачот ја елиминира потребата да се допира екранот, а со тоа го намалува и ризикот од ширење на вирус или бактерија на подлогата, – вели Ли Скрипчук од JLR.

Од производителот велат дека технологијата може да се интегрира и кај актуелните екрани осетливи на допир, но засега нема конкретна информација кога би почнала да се користи.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1