Skip to content

Вести

Иновативни седишта на Jaguar Land Rover кои симулираат движење

Концептот на седиштата подразбира подвижни елементи сместени во пената, чие постојано микро-придвижување испраќа информација до мозокот дека возачот се движи со нозете, при што седиштата ќе бидат прилагодливи на секој од возачите

17/01/2020

Jaguar Land Rover смета дека има одговор за дилемата како ќе изгледаат седиштата на иднината, откако ја претстави својата иновација за седишта кои симулираат движење на возачот и патниците и ги намалуваат здравствените ризици од неговото подолго задржување во седечка позиција.

Медицината одамна докажа дека долгото седење на иста позиција има негативно влијание врз луѓето, односно врз нивните мускули, па затоа британската компанија реши да направи сериозен чекор со иновација која би значела сериозна грижа за возачите на автомобилите од понудата на Jaguar и Land Rover.

Концептот на седиштата подразбира подвижни елементи сместени во пената, чие постојано микро-придвижување испраќа информација до мозокот дека возачот се движи со нозете, при што седиштата ќе бидат прилагодливи на секој од патниците.

Инспирација за оваа иновација се резултатите на истражувањата кои покажуваат дека над 1,4 милијарди луѓе во светот имаат помалку активен стил на живот во кој преовладува седечката позиција, а тоа влијае на скратување и ослабување на мускулите во нозете и колковите, што пак подоцна може да предизвика болка и во пределот на грбот.

Преку симулирање на ритамот на одењето, технологијата ги намалува ризиците по здравјето кои вообичаено се предизвикани од подолго седење.

Jaguar Land Rover веќе им овозможува врвна ергономија и удобна позиција на возачите преку дизајнот на седиштата, одржувањето на телото, масажерите и климатизацијата, а делот со дополнителна стимулација на мускулите е само уште еден чекор кон остварување на стратегијата за што поголема грижа за возачот и патниците преку користење технолошки иновации.

Одделот на JLR за развој на ентериерите има и свои совети за тоа како да ја пронајдете идеалната позиција на седење зад волан.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend